Top Sport

ПСЖ го убедуваат Мурињо да ја напушти Рома

Пари Сен-Жермен се сигурни дека Жозе Мурињо е вистинскиот тренер кој ќе ги „скроти“ ѕвездите во францускиот тим и продолжуваат со обидите да го „грабнат“ од Рома, тврди „РМЦ спорт“.

Тие посочуваат дека Португалецот веќе работел со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос во Реал Мадрид пред една деценија и двајцата се подготвени да ја продолжат соработката. Иако Рома се во четврт-финалето на Лига Европа и на третото место во Серија А, Мурињо честопати зборуваше за финансиските ограничувања во италијанскиот клуб, нешто што нема да биде никаква пречка во богатиот француски клуб, кој уште не ја исполни својата главна цел, титула во Лигата на шампиони.

Очекувањата се дека Кристоф Галтие ќе замине на крајот на сезоната.

Scroll to Top