Top Sport

ПСЖ со победа над Марсеј во големиот француски „класик“

На Пари Сен-Жермен му беа поништени два гола, но сепак, стигна до 2:1 победа над Олимпик Марсеј во големиот француски „Ле класик“ на „Паркот на принцовите“, кој не разочара.

Резултатот беше отворен бргу, кога во 12. минута, Нејмар постигна прекрасен гол со лоб-удар за да ги донесе домаќините во водство, но во 31. минута од мечот хрватскиот репрезентативец Дује Чалета-Цар израмни по една мешаница пред голот на Џанлуиџи Донарума.

Лионел Меси постигна прекрасен гол во 41. минута, но тој беше поништен поради офсај позицијата во кој се наоѓаше неговиот асистент Килијан Мбапе. Сепак, „светците“ отидоа на одмор со предност кога Мбапе беше прецизен од белатаа точка во 45. минута.

Во 76. минута, Меси му асистираше на Мбапе, кој постигна гол, кој исто така беше поништен поради офсајд, а Марсеј во 85. минута израмни преку Вилијам Салиба, но и тој гол беше поништен од ВАР системот.

Со победата, ПСЖ се одвои на 15 поени пред ОМ на врвот на табелата во Лига 1, со само уште шест кола до крајот на сезоната, односно максимални 18 поени за освојување.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top