Фудбалерите на Борусија Дортмунд и ПСЖ, вечерва на „Вестфален“, ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Борусија ги елиминираше ПСВ Ајндховен и Атлетико Мадрид до полуфиналето во нокаут фазата, од друга страна, ПСЖ прво го елиминираше Реал Сосиедад во осминафиналето, а потоа и во четвртфиналето и Барселона, откако загуби со 3:2 во Париз, „светците“ славеа со 4:1 во реваншот.
Интересно е што оваа сезона Борусија и ПСЖ играа и во групната фаза од Лигата на шампионите. Во Дортмунд беше 1:1, а во Париз победи ПСЖ со 2:0.
ПСЖ, по четири години повторно е во полуфиналето. Во 2020 година (корона сезоната), стигна до финалето на турнирот кој се одигра во Лисабон. Во финалето загубија од Баерн со голот на Кингси Коман.
Бурусија, пласман меѓу најдобрите четири чекаше уште од времето на Јирген Клоп. Во 2013 година „милионерите“ дојдоа до финалето, но и тие како и ПСЖ седум години подцна беа поразени од Баерн.
Натпреварот започнува во 21 часот, а првиот дуел помеѓу Борусија и ПСЖ вечерва ќе го суди англискиот судија Ентони Тејлор.