Top Sport

ПСЖ со ГПС ги следи своите ѕвезди

Челниците на ПСЖ нема да им дозволат на фудбалерите премногу да се опуштат за време на десетдневната пауза, поради што се решија да применат необични мерки.

Како што пренесоа француските медиуми, ПСЖ ќе ги следи играчите со „ГПС“, за да ги спречи фудбалерите да се здебелат за време на паузата.

Уредот ќе следи колку калории внесуваат фудбалерите во текот на денот и ќе ја следи нивната физичка активност.

Тимот на ПСЖ по краткиот одмр повоторно ќе се собере на 2 јануари, а првиот меч во 2018 година ќе го одиграат против Рен на 7 јануари.

ПСЖ е доминантен оваа сезона во француската лига каде има девет бода повече на челната позиција од Монако и Лион, а ја растури конкуренцијата и во Лигата на шампионите, каде во осмина-финалето ќе игра против Реал.

Scroll to Top