Top Sport

Сампаоли му се извинил на полицаецот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Хорхе Сампаоли, поради инцидентот кој го предизвика пред два дена и се извини на јавноста и на полицаецот кон кого упати навредливи зборови.

Хорхе Сампаоли се враќал од венчавката на својата ќерка, во неговото возило имало седум луѓе, кога бил сопрен од сообраќајната полиција.

Контроверзниот тренер го навредил полицаецот со зборовите дека работи за мала плата.

„Во лутина го кажав она што не го мислам“, рекол во соопштението Сампаоли.

Полицаецот за локалната радио станица во Касилда рекол дека аргентинскиот селектор му се јавивл, се извинил и побарал од полицаецот да му прости за непримерното однесување.

Сампаоли ќе се степаше со полицаец (видео)

Scroll to Top