Top Sport

ПСЖ губеа со три гола, па во 92 минута ја испуштија победата (Видео)

Неверојатен натпревар во рамките на 25 коло во Лига 1 одиграа фудбалерите на Амиен и Пари Сен Жермен. Без најголемите ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе ПСЖ се вратија во мечот од 0:3, за да ја испуштат победата во 92 минута. Спектакуларниот натпревар на крајот заврши 4:4.

Амиен го декласира ПСЖ во првите 40 минути кога Кејлор Навас три пати мораше да ја вади топката од својата мрежа.

Жираси го постигна првиот гол во петтата минута. Поранешниот играч на Челси Гаел Какута во 29 минута со прекрасен гол зголеми на 2:0.

Единаесет минути на семафорот резултатот беше 3:0 по голот на Диабате.

Надежта на ПСЖ ја врати Андер Ерера кој го намали резултатот во 45 минута.

Во полувремето Томас Тухел на теренот ги испрати Верати и Маркињос на местата на Геје и Тијаго Силва.

Младиот Танжи Куаси намали на 32, а само пет минути подоцна истиот играч израмни на 3:3.

Целосен пресврт „светците“ направија со голот на Мауро Икарди во 74 минута.

Возбудувањата на стадионот на Амиен кулминираа во 92 минута кога конечниот резултат 4:4 го постави играчот кој ја отвори серијата, Жираси.

Scroll to Top