Top Sport

Посилни од кризата – Вардар го декласира Мотор Запорожје

Ракометарите на Вардар на две кола до крајот на фазата по групи обезбедија пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Вечерва, во рамките на 12 коло во Б-групата, Вардар го декласира Мотор Запорожје со 38:28 (16:11).

Дуелот на два тима кои се соочуваат со егзодус на ракометари и кои се притиснати од финансики проблеми му припадна на актуелниот европски првак. Вардар од самиот почеток наметна ритам, го изненади противникот со играта „7 на 6“ во нападот и во почетните десет минути создадоа предност од пет поени (7:2).

Имаа црвено-црните и шест гола позитива (16:10) на влезот во 30 минута, а по првиот дел имаа 16:11

Во 39 минута Вардар стигна до 22:14, а во последните десет минути стигнаа до највисоката разлика 36:25.

Скубе со осум односно Чупиќ и Дибиров со по пет гола го предводеа Вардар, во чии редови со девет одбрани се истакна и младиот голман Кизиќ.

Во последните две кола Вардар ќе гостува кај Порто, а потоа ќе го пречека Монпелје.

foto/seha-liga.com

Scroll to Top