Top Sport


ПСЖ губи следбеници на социјалните мрежи

Поддршката која ПСЖ ја има на социјалните мрежи, драстично опаѓа во последните денови. ПСЖ изгуби повеќе од два милиони следбеници на „Инстаграм“. Ова се должи на заминувањето на Лионел Меси.

Додека Меси одлучува дали кариерата ќе ја продолжи во Барселона, Саудиска Арабија или на некое друго место, во Париз знаат дека останаа без фудбалер кој е вистински магнет за спонзорите.

Парижаните доведоа до сега двајца нови играчи, Мануел Угарте и Марко Асенсио, но јасно е дека тие не можат да привлечат ни приближно толку фанови како Меси.

Аргентинецот не мина најдобро време во Париз, особено за него беше лош финишот на сезоната. На секој натпревар на „Паркот на принцовите“ беше пречекан со свирежи од домашната публика. кон крајот на оваа сезона.

Навивачите го навредуваа од трибините и додека тој и неговите соиграчи добиваа награди за освоената титула во Лига 1.

Scroll to Top