По одлуката на Мохамед Салах да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, започнаа шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
Спортскиот директор на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан, зборуваше за иднината на фудбалерот на Ливерпул, откривајќи дека големите европски клубови се заинтересирани за него.
Тој верува дека е подобро искусениот фудбалер да остане во Европа отколку да оди во МЛС лигата или Саудиска Арабија.
„Искрено, би сакал да остане во Европа, а не да оди во САД“, изјави Хасан за „ON Sport“, а потоа откри кои клубови ја следат ситуацијата околу египетскиот фудбалер.
„Слушнав дека има понуди од ПСЖ и Баерн. До него се обратиле и клубови од Италија. Доколку се пресели во МЛС, ќе биде надвор од центарот на вниманието, слично како што се случи со Лионел Меси, тој повеќе не е во фокусот“, заклучи спортскиот директор на египетската репрезентација.
Foto/ Depositphotos
