Според весникот од Барселона, „Мундо депортиво“, Пари Сен-Жермен остануваат заинтересирани да го донесат Усман Дембеле на „Паркот на принцовите“, и покрај изјавите на првите луѓе на Барселона дека се задоволни од младиот Французин и очекуваат тој да остане.
Според „Мундо“, Барселона е отворена за понуди, а тренерот на ПСЖ, Томас Тухел е заинтересиран да го врати Французинот дома, и покрај тоа што во нападот ги има Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани.
Арсенал исто така беа заинтересирани за Дембеле, иако признаа дека не можат да ја исполнат цената која ја бараа Блауграна и беа заинтересирани за договор за позајмица.