Top Sport

Рафа уште сега се квалификуваше за АТП финалето

Рафаел Надал со победата над Марин Чилиќ во четврт-финалето на Роџерс куп во Торонто стана првиот тенисер кој оваа година се квалификуваше на завршниот турнир од тениската сезона, АТП финалето.

Ова беше 38 победа во 41 меч за светскиот рекет број 1 оваа сезона во осум турнири во кои настапи. Тој ја започна неделата со 5.760 поени во АТП трката за Лондон, речиси 4.700 повеќе од Александер Зверев на второто место и веќе визира пат до турнирот во „О2 арената“ во Лондон.

Шпанецот во кариерата има фантастични 17 гренд слем турнири и 32 Мастерс 1000 титули, но ниту еднаш не триумфираше на АТП финалето, губејќи во финалињата во 2010 и 2013 година и уште трипати во полуфиналињата.

Со ова квалификување, Надал се израмни со Џими Конорс, Андре Агаси и Роџер Федерер со 14 успешни пласмани на завршниот турнир од сезоната, иако не играше во 2005, 2008, 2012, 2014 и 2016 година.

Scroll to Top