Полицијата во Париз потврди дека реванш натпреварот во рамките на осмина-финалето во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд ќе се одигра пред празни трибини.
Градските власти во соработка со полицијата решиле поради опасноста од ширењето на коронавирусот натпреварот помеѓу францускиот и германскиот тим да се одигра без присуство на публика.
Првиот меч во Германија заврши со победа на Борусија 2:1. Головите за Дортмунд ги постигна Халанд, додека стрелец за ПСЖ беше Нејмар.
Реваншот е на програмата во среда.
Покрај овој натпревар, оваа недела на програмата се осмина-финалните реванши помеѓу Лајпциг и Тотенхем, Валенсија и Аталанта односно Ливерпул и Атлетико Мадрид.