Top Sport

ПСЖ и Монако со големи пари тргнуваат по Ракитиќ?

Хрватските репрезентативци повторно се хит околу трансферите ова лето, откако шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“ тврди дека Пари Сен-Жермен и Монако сериозно размислуваат да го донесат Иван Ракитиќ од Барселона, а сумата би стигнала до 125 милиони евра.

Ракитиќ претходно се споменуваше за потенцијалниот договор за носење на Пол Погба од Манчестер јунајтед, бидејќи Барса би ги дала Ракитиќ или Усман Дембеле за услугите на Французинот, но по сѐ изгледа управата на Манчестер јунајтед и покрај одобрувањето на менаџерот Жозе Мурињо не сака да се ослободи од Погба.

Според „Ел мундо“, Пари Сен-Жермен е „најзагреан“ и дури би ја платил откупната клаузула од 125 милиони евра, но и Монако, кој заработи над 300 милиони евра од продажба на фудбалери ова лето (најмногу од официјализирањето на трансферот на Килијан Мбапе токму во ПСЖ).

Scroll to Top