Top Sport

ПСЖ им го „крадат“ Бернардо Силва на Барселона?

Откако Барселона успеаја да им ги „украдат“ Рафиња и Жил Кунде на Челси и покрај договореното, сега може на Каталонците да им се случи истото по шпекулациите дека Пари Сен-Жермен се подготвени да дадат 80 милиони евра за ѕвездата на Манчестер сити, Бернардо Силва.

Планот на Барса за купување на Португалецот зависи од одлуката на Френки де Јонг да замине од клубот, со Манчестер јунајтед и Челси како главни кандидати, но проблем станува што Луис Кампос, новиот спортски директор на ПСЖ има одлични односи со Силва и со неговиот аагент, Жорге Мендеш. Како што беше случајот со Килијан Мбапе и неговото продолжување на договорот, Кампос се познава со Силва од времето кога беа заедно во Монако, кога во 2016/17 имаа пласман во полуфиналето на ЛШ и ја освоија титулата од Лига 1.

Scroll to Top