Top Sport

Ненад Димитријевиќ ќе заработи половина милион евра за една сезона во Уникс Казан

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во новата сезона ќе игра за рускиот клуб Уникс Казан како позајмен кошаркар од Валенсија. Шпанскиот клуб го потврди трансферот, а познато е и колку ќе заработи одличниот плејмејкер за една сезона во овој тим.

Димитријевиќ ќе инкасира 500.000 евра за сезона, двојно повеќе од договорот што го имаше со Валенсија. Со тимот на Уникс Казан тој ќе настапува во ВТБ – лигата и ќе биде ривал со тренерот Емил Рајковиќ кој е на кормилото на ЦСКА Москва.

Scroll to Top