Top Sport

ПСЖ им го „крадат“ Ренато Санчес на Милан

Француските медиуми тврдат дека Пари Сен-Жермен се пред договор со Португалецот Ренато Санчес, откако Милан понудиле само 15 милиони евра за фудбалерот на Лил.

Санчес веќе неколку недели се има договорено за личните услови со Милан, откако беше блиску до трансфер и во јануари, но италијанскиот шампион не планира да ги даде 30-те милиони евра кои ги бараат Лил. Санчес, поранешниот освојувач на наградата за најдобар млад фудбалер ја врати кариерата на вистински пат со Лил, но има договор само до јуни 2023 година, по што Лил решија да го продадат.

Според „РМЦ спорт“, новиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, човекот кој работеше во Лил, има добри врски со поранешниот клуб и може да издејствува договор. За Милан пак, ова би било второ пропуштено засилување од Лил поради прениска понуда, откако се верува дека Њукасл дале двојно повисока понуда за дефанзивецот Свен Ботман.

Scroll to Top