Top Sport

Свитолина бара САД опен да ги исфрлат Русите и Белорусите

Украинската тениска ѕвезда, Елина Свитолина побара Американската тениска федерација (УСТА), организаторите на САД опен да го следат примерот на Вимблдон и да ги исфрлат од турнирот руските и белоруските тенисери. Ова доаѓа откако САД опен потврди дека тенисерите како светскиот рекет број 1, Данил Медведев може да настапат како неутрални тенисери на последниот гренд слем од сезоната во септември во Њујорк.

Свитолина смета дека тоа не е добар гест.

„Тоа е нивна одлука, и решија да одат по тој пат. Не го поддржрувам бидејќи сметам дека требаше да бидат посериозни. Украинскиот спорт е уназаден барем 1 години бидејќи цецлата спортска инфраструктура или е уништена или е оштетена. Можам да ви набројувам фактори кои треба да придонесат да не им се дозволи на руските и белоруските тенисери да учествуваат“, вели Свитолина.

Свитолина, кој е во брак со францускиот тенисер Гаел Монфис, со кого го чекаат своето прво дете (во октомври), и претходно зборуваше дека сите руски тенисери и тенисерки требаат да бидат суспендирани. Во февруари, таа првично одби да игра со Русинката Анастасија Потапова на турнир во Мексико, пред да се предомисли и да излезе на теренот.

Свитолина: Русите и Белорусите да се изјаснат за три точки, па да играаат тенис

Scroll to Top