Пари Сен-Жермен се обидуваат да им го расипат „бизнисот“ на Манчестер јунајтед за напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд и покрај тоа што „ѓаволите“ се договорија за личните услови со младиот Данец. Токму поради овој обид, според Фабрицио Романо, Јунајтед ќе имаат брза понуда со Аталанта за да не избега засилувањето во нападот.
Хојлунд има само 20 години и во една сезона за Аталанта постигна 10 гола, а исто така има 6 настапи и 6 гола за данската репрезентација. Се верува дека Аталанта бара 70 милиони евра (60 милиони фунти) и бараат исплатата да биде во кеш, без рати и размена на играчи.
Јунајтед веќе го купија Мејсон Маунт од Челси и го комплетираа трансферот на голманот од Интер, Андре Онана и двата трансфери ги чинеа околу 100 милиони фунти.