Top Sport

ПСЖ испратиле понуда за Бону

Луис Енрике, новиот менаџер на ПСЖ, сака што побрзо да ја реши ситуацијата со голманите.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија и Франција, Енрике го сака во својот тим голманот на Севилја, Мароканецот Јасин Бону.

ПСЖ веќе стапил во контакт со челниците на Севилја за голманот кој блескаше на Светското првенство во Катар. Тој беше еден од најзаслужните за победата на Мароко над Шпанија во нокаут фазата/

Бону има 32 години, а ПСЖ за него нуди 15 милиони евра. Наводно Севилја нема да прифати сума помала од 20 милиони евра.

Сепак, мпожно е оваа понуда да биде доволна бидејќи Севилја има сериозни финансиски проблеми. поради што и сака да го продаде голманот.

Енрике сака да го зголеми натпреварувачкиот дух кај голманите бидејќи не е убеден дека Џанлуиџи Донарума е најдоброто решение за прв голман.

Кејлор Навас се уште е на списокот на голмани на ПСЖ, но речиси е сигурно дека Костариканецот и оваа сезона ќе замине на позајмица, најверојатно во Фенербахче.

Scroll to Top