Откако во Франција ја прекинаа фудбалската сезона Мауро Икарди се врати во Милано. Аргентинецот од почетокот на сезоната како позајмен играч од Интер играше за ПСЖ.
Според договорот на клубовите ПСЖ за 70 милиони евра може да го откупи договорот на Икарди.
„Светците“ испратиле понуда до Интер за услугите на Икарди, нудат 50 милиони евра во кеш и 10 милиони евра низ разни бонуси.
Дури и да бидат реалзирани сите бонуси сепак сумата е за 10 милиони евра помала од онаа што ја бара Интер. Неизвесно е дали Интер ќе ја прифати ова понуда, а според шпекулациите одлуката зависи и од тоа дали Лаутаро Мартинез ќе замине од клубот.
Икарди за ПСЖ одигра добра сезона настапи на 31 натпревар и постигна 20 голови.