Top Sport

ПСЖ ја декласира Гамба Осака

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја совладаа Гамба Осака со 6:2 во подготвителeн натпревар на гостувањето во Јапонија.

Парижаните беа доминантни во првото полувреме во кое постигнаа четири гола. Темпото падна во продолжението, а триумфот на „светците“ го потврдија Нејмар и Мбапе.

Серијата ја отвори Пабло Сарабија со гол во 27. минута, а Нејмар од пенал пет минути подоцна ја зголеми предноста на ПСЖ.

Гамба Осака по само две минути успеа да ја намали предноста на фаворитите, голот го постигна Курокава.

До крајот на полувремето ПСЖ постигна уште два гола. Најпрво Нуно Мендеш на асистенција на нововлезениот Витиња зголеми на 3:1, а на минута пред одморот Меси го постигна четвртиот гол за ПСЖ по додавањето на Нејмар.

Во вториот дел видовме уште три гола. Нејмар втор пат погоди во 60.минута, потоа намали Јамами, а конечниот резултат го постави резервистот Килијан Мбапе од белата точка.

Scroll to Top