Top Sport

ПСЖ ја менува трансфер политиката, тимот ќе го гради околу Мбапе

ПСЖ во целост ќе ја менува трансфер политика. Ова значи дека во летниот преоден рок ќе се случат сериозни промени на „Паркот на принцовите“. Планот е тимот да се гради околу Килијан Мбапе.

ПСЖ оваа сезона има сериозни проблеми, што веројатно е нормално кога на едно место се собраа мнгу фудбалски ѕвезди. Логично е има несогласувања кога соблекувалната е преполна со егата на фудбалерите.

Францускиот гигант реши да тргне по друг пат од следното лето. Лионел Меси си заминува од клубот, желбата е некако да биде продаден Нејмар. Покрај нив двајца уште неколкумина ќе го напуштат Париз.

„Лекип“, открива по кој пат има намера да се движи ПСЖ. Клупските челници решиле дека повеќе нема да потпишуваат големи ѕвезди кои можат да ги расипат односите во соблекувалната. Поставиле јасни правила кога се во прашање трансферите.

Мора да се млади играчи, Французите ќе имаат предност, а посебно внимание ќе се обрне на тоа дали потенцијалното засилување е тимски играч.

Планот е тимот да се изгради околу Килијан Мбапе, кој ќе биде прва ѕвезда, а остатокот од тимот ќе му бидат помошници.

Scroll to Top