Top Sport

ПСЖ ја најдоа замената за Нејмар во Лондон – тргнаа по потписот на Вилфрид Заха!

Пари Сен-Жермен се подготвени да дадат фантастични 100 милиони фунти за трансфер на Вилфрид Заха од Кристал палас, кој би бил совршена замена за Нејмар, тврди британскиот весник „Дејли мирор“.

Според нив, францускиот шампион следната недела ќе прати делегација во Лондон за отварање на преговорите пред крајот на европскиот преоден рок на 2 септември, додека во исто време трае „натегањето“ на Реал Мадрид и Барселона за Нејмар.

Арсенал и Евертон се обидоа да го добијат 26-годишниот Заха во текот на англискиот преоден рок, но двата клуба не беа подготвени да дадат 100 милиони фунти за напаѓачот. Заха е очаен да си замине од „Селхарст парк“ во поголем клуб, иако минатото лето потпиша петгодишен договор со плата од 130.000 фунти.

Scroll to Top