Челси нема интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, но затоа тој лесно би можел да заврши во Париз. Англиските медиуми пишуваат дека „сините“ немаат започнато преговори за српскиот репрезентативец, а ниту понудата на „бјаконерите“ за Ромелу Лукаку не го променила ставот на лондончани.
Во моментов единствен клуб заинтересиран за Влаховиќ е францускиот шампион Пари Сен Жермен. Парижани веќе активно работи на можен договор за напаѓачот, а разговорите меѓу двата клуба се во тек.
Од „Паркот на принцовите“ допрва треба да испратат официјална понуда за Влаховиќ. Француските медиуми откриваат дека ПСЖ е подготвен да плати 90 милиони евра.