Top Sport

ПСЖ ќе ги играат мечевите од ЛШ надвор од Франција

Францускиот шампион Пари Сен-Жермен потврди дека преостанатите домашни мечеви од Лигата на шампионите ќе ги играат надвор од Франција, откако спортските настани во оваа земја се одложени барем до 1 септември.

Француската влада денеска ја донесе оваа одлука со која нема да е дозволен фудбал ниту без публика на трибините, ставајќи крај на шампионатот. Пари Сен-Жермен е пласиран во четврт-финалето на ЛШ, и клубот преку соопштение објави дека домашните мечеви ќе се играат надвор од Франција.

„Ја почитуваме одлуката на француската влада и планираме да продолжиме со натпреварувањето во Лигата на шампионите во соработка со УЕФА, каде и да се играат мечевите. Ако не е можно во Франција ќе играме на друго место каде што ќе биде најбезбедно за нашите фудбалери“, објави претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи.

Лион, вториот француски клуб кој уште е во натпреварувањето, уште не ги објави своите планови. Лион ги победи Јувентус со 1:0 во првиот меч од осминафиналето, а вториот не се одигра, додека ПСЖ ја победи Борусија Дортмунд во еден од последните мечеви пред принудната пауза.

ПСЖ се убедливи лидери во Лига 1 и најверојатно ќе ја добијат својата седма титула во последните осум години.

Scroll to Top