Пари Сен-Жермен ги комплетираат плановите за големи промени во тимот, отпуштајќи го тренерот Маурисио Почетино и потврдувјќи ја смената на спортскиот директор Леонардо, на чие место речиси сигурно ќе пристигне Луис Кампос, тврдат француските медиуми.
Почетино има договор со францускиот шампион до крајот на следната сезона, но шпекулациите околу неговата иднина се постојани, посебно по разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Според познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, се чека на враќањето на претседателот Насер Ал-Хелаифи во Париз за да се потврат големите промени.
Почетино пред неколку дена изјави дека е мотивиран за новата сезона и дека ги дели амбициите на клубот. Во исто време постоеја шпекулации дека Килијан Мбапе, по одлуката да остане во ПСЖ со богат договор, има огромно влијание во тимот и дека тој лично побарал заминување на Почетино и на Леонардо, но и на повеќе фудбалери од тимот, вклучувајќи го и Нејмар. 23-годишниот Французин ја демантираше оваа вест велејќи дека се работи за „лажни вести“.