Пари Сен-Жермен се подготвени да го казнат својот шпански фудбалер Хесе Родригез, откако тој не ги послуша советите на клубот за социјално дистанцирање и со приватен авион замина со својата девојка Аура Руиз на Канарските Острови на бурна забава.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид уште повеќе си ја загрози кариерата, откако беше фатен како си танцува во луксузна виза на островите каде што заминал на прослава на 31. роденден на Руиз, неговата девојка со која претходно дури заврши на суд.
Хесе, заработува околу 5 милиони евра годишно, но нема одиграно ниту една минута во последните седум мечеви на ПСЖ, со само еден настап во 2019/20.