Top Sport

ПСЖ ќе го менуваат Леонардо со Паратичи?

Луѓето на Пари Сен-Жермен веќе контактирале со спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи, кој според нив е потенцијална замена за Леонардо, по уште еден европски неуспех на клубот од Париз.

Според „Тутомеркато“, односите помеѓу поранешниот фудбалер на Милан и газдите на клубот, предводени од Насер Ал-Атијах доживеале колапс по шокантниот пораз од Реал Мадрид, и се најавуваат длабоки промени во тимот – од тренерското место на Маурисио Почетино (кој би бил заменет од Зинедин Зидан) преку дел од фудбалерите, до Леонардо.

Паратичи само што почна со својата работа со Тотенхем, откако беше долгогодишен директор во Јувентус, а друга опција е уште еден поранешен човек на Јувентус, Жан-Клод Блан.

Scroll to Top