Top Sport

Марка: Анчелоти си „купи“ уште една година во Реал

И покрај фразата „тренерот кој не освојува титули со Реал Мадрид си заминува на крајот на сезоната“, Карло Анчелоти направи доволно да остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една сезона, тврди шпанска „Марка“, весник кој е познат по својата блискост со „кралскиот“ клуб.

Анчелоти добро ги познава побарувањата кои со себе ги носи местото тренер на Реал Мадрид, откако ја освои славната „десима“, десеттата европска титула со Реал Мадрид, за во 2015 година да добие отказ.

По поразот од Атлетик Билбао во Копа дел реј и поразот на гостувањето кај Пари Сен-Жермен, шпанските медиуми тврдеа дека Анчелоти ќе биде заменет со Маурисио Почетино, но сега тој план „падна во вода“ и нема сомеж дека Италијанецот си заслужи уште една сезона во тимот.

Scroll to Top