Top Sport

ПСЖ ќе го раскинат договорот со Рамос

Серхио Рамос, во летниот преоден рок, како слободен играч се пресели во ПСЖ. Рамос, по 16 години го напушти Реал Мадрид, откако не успеа да најде заеднички јазик со претседателот Флорентино Перез околу новиот договор. Кога реши да замине од Реал, доби неколку интересни понуди, тој ја прифати финансиски најдобрата, онаа од Париз.

Рамос, повреден дојде во ПСЖ, во клубот го знаеја тоа. Повредата е таква што Рамос се уште не дебитирал за „светците“. Пред десет дена започнал со тренинзите, кога ќе конкурира за место во тимот никој не знае.

„Ле Паризиен“, објави дека ПСЖ размислувале да ја прекинат соработката со искусниот фудбалер. Доколку овие наводи се точни, Рамос, во јануари ќе биде слободен играч и ќе може да си бара нов клуб.

Според овој извор, повредата не била спорна, во клубот знаеле за неа и кога го потпишале договорот, проблем била неговата физичка подготвеност. Од оваа перспектива во ПСЖ не биле сигурни дека Рамос може да игра на врвно ниво.

Scroll to Top