„Ако нешто не можеш да купиш со пари, тогаш можеш да го купиш со многу пари“, ова е мотото на ПСЖ, чии челници по трансферите на Нејмар и Мбапе имата намера да инвестираат и во одбраната на тимот.
Шпанскиот весник „АС“, тврди дека во јануарскиот преоден рок, ПСЖ ќе ја плати откупната клаузула од 100 милиони евра и дека во париз ќе го донесе голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Словенецот во Атлетико е од 2014 година кога Атлетико за 16 милиони евра го донесе од Бенфика. До тој момент никој никогаш во Шпанија не издвоил толку пари за голман, но Диего Симеоне апсолутно погоди со трансферот.
El PSG tiene una fijación con Oblak https://t.co/bj4bGT02IG
— AS (@diarioas) December 12, 2017
Облак досега две сезони заврши како голман со најмалку примени голови во Ла Лига, два пати е биран во идеалните тимови во Ла Лига и Лигата на шампионите, а еднаш е прогласен за најдобар голман во Шпанија.
Словенецот во финишот на минатата сезона го продолжи договорот со Атлетико до јуни 2021 година. Откупната клаузула изнесува 100 милиони евра, а ПСЖ веќе има план како да го реализира трансферот, а да не го наруши премногу финансискиот фер-плеј.
Имено, ПСЖ за Облак на Атлетико ќе му понуди пари и двајца играчи, голманот Кевин Трап (27) кој пред две години за сума од 10 милиони евра е донесен од Ајнтрахт Франкфурт и Аргентинецот Хавиер Паторе (28) кој пред шест години е купен од Палермо за 40 милиони евра.
Големиот талент Пасторе во ПСЖ никогаш не ја најде формата од Палермо, а последните три години најчесто е резерва во екипата која е преполна со ѕвезди.