Top Sport

ПСЖ ќе плати 75 милиони евра за Де Јонг

Ајакс и ПСЖ го договориле трансферот на 21-годишниот Френки Де Јонг, објави ексклузивно „Де Телеграф“, најтиражниот холандски весник, доцна синоќа на својата интернет страница.

За овој млад фудбалер интерес покажаа речиси сите најголеми европски клубови тргнувајќи од Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, преку Манчестер сити и ПСЖ.

Тој на крајот ќе заврши во ПСЖ иако долго време во пол-позиција за добивање на неговиот потпис бае Пеп Гвардиола и Манчестер сити. Проблемите што Сити ги има со УЕФА и отворената истрага поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј, биле клучни од Ајакс да ги напуштат преговорите со Сити.

„Де Телеграф“, пренесува дека трансферот бил договорен вчера, по целодневните преговори помеѓу спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс и директорите на ПСЖ, Антер Енрике и Максвел.

ПСЖ за услугите на Де Јонг. на Ајакс, ќе му плати сума од 75 милиони евра. Де Јонг ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на холандскиот фудбал.

Френки Де Јонг ја игра својата втора професионална сезона во Ајакс, а летово дебитирал и за репрезентацијата на Холандија, со која избори пласман во плеј-офот во Лигата на Нации.

Scroll to Top