Top Sport

„Меси, Кака и Зидан се најдобрите во историјата“

Фудбалерот на Манчестер сити, Илјак Гиндоган, нема дилема кои се најдобрите фудбалери во историјата. Гиндоган предност им дава на фудбалерите од поновата генерација, поради што во неговиот избор нема место за Пеле и Марадона.

„Меси, Кака и Зидан се најдобрите фудбалери во историјата. Сане е најталентираниот млад играч во Германија“, рекол Гиндоган.

Напаѓачот на Барселона Меси во кариерата пет пат ја освоил „Златаната топка“, а Кака и Зидан по еднаш.

На новинарите им открил и кој од неговите соиграчи Кевин де Брујне и Давид Силва е подобар.

„Силва е подобар во играта на кратки додавања, а Де Брујне има поодбра долга топка“, рекол германскиот репрезентативец.

Scroll to Top