Top Sport

„ПСЖ ќе продаде малку нафта и ќе донесе кого сака, тоа не е фер“

Фудбалскиот сојуз на Каталонија, традиционално го организира „Денот на фудбалот“. Еден од гостите на овој настан бил и спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани. Во интервјуто Алемани говорел за улогата што ја има во Барселона, предизвиците со кои се соочува клубот, а не заборавил да ја спомне и конкуренцијата.

Барселона има долг од речиси 1,5 милијарди евра. Помалку некоректно Алемани верува дека тоа се случило поради строгата регулатива што на шпанските клубови им ја наметнува Ла Лига.

„ПСЖ ќе продаде малку нафта и ќе донесе во клубот кого сака, а ние не можеме ништо. Тоа е проблем. Од нас се очекува да се натпреваруваме со најсилните клубови, кои никој не може да ги контролира, дури ни УЕФА. Поради тоа ја покренавме идејата за формирање на Суперлигата. Сакаме сите да имаме исти услови на пазарот, сите да имаме еднакви шанси“, рекол Алемани.

Scroll to Top