Top Sport

ПСЖ лесно до „петарда“ против Монпелје (видео)

Пари Сен-Жермен и без Нејмар и Единсон Кавани е моќен тим, покажувајќи го тоа уште еднаш со 5:1 победата над Монпелје во 17. коло од француската Лига 1.

Лајвин Курзава ги донесе ПСЖ во водство по 13 минути игра по одличната асистенција на Дани Алвеш, пред Монпелје да израмни со фантастичниот гол на Моле од слободен удар во 31. минута. Во финишот на полувремето, Анхел ди Марија со уште еден убав гол од слободен удар повторно ги донесе „светците“ во предност.

Во второто полувреме уште трипати гостите ја ваде топката од мрежата – прво младиот Нкунку даде гол во 73. минута, домашниот фудбалер Хилтон си даде автогол по шутот на Килијан Мбапе во 78. минута, за само 45 секунди подоцна да го постигне и петтиот гол за ПСЖ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top