Top Sport

ПСЖ може да се „извлече“ без казна од УЕФА

Неверојатната трансфер-активност на Пари Сен-Жермен беше несомнено случка на летото во фудбалскиот свет, откако тимот од француската престолнина ги направи двата најголеми трансфери во историјата – го земаа Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, и Килијан Мбапе за 180 милиони евра (иако првично како позајмен фудбалер од Монако).

Токму носењето на Мбапе повлече многу прашања, и сега француското радио „РМЦ спорт“ конечно даде детали околу состојбата со УЕФА.

ПСЖ се под истрага на УЕФА од 1 септември, а на 5 октомври беа повикани на „гости“ во седиштето на европската куќа на фудбалот во Нион, Швајцарија на 5 октомври. Според радиото, посетата поминала многу добро, бидејќи легалниот тим на ПСЖ добро си ја завршил работата и ги дал сите потребни докази. Нема да има ново сослушување за ПСЖ, што значи дека УЕФА неофицијално ја завршува истрагата за трансферите на Нејмар и Мбапе.

Меѓутоа, тука почнуваат проблемите. Околу Финансискиот фер-плеј (ФФП), рамката направена да нема злоупотреби во трансфер активностите, ПСЖ во моментов е минус од 80 милиони евра. Ова не е екстремна сума за сопствениците на ПСЖ, катарските милијардери, меѓутоа шпанската Ла лига неодамна официјално побара францускиот тим да биде исфрлен од Лигата на шампионите ако не се реши ситуацијата.

Парижаните знаат дека мораат да продадат некој играч многу бргу, најверојатно Анхел ди Марија и Лукас Моура. Но, бидејќи и европските ривали на тимот го знаат тоа, тешко е дека во јануари тимот ќе може да извлече пазарна цена.

Шпанците тврдат: ПСЖ е катарски клуб, треба да биде исфрлен од ЛШ

 

Scroll to Top