Top Sport

ПСЖ му дозволи на Лукас трансфер во Тотенхем

Тотенхем и ПСЖ го договриле трансферот на Бразилецот Лукас Моура, пренесува британскиот сервис Би би си. Трансферот тежи нешто повеќе од 28 милиони евра, а договорот ќе биде потпишан кога 25-годишнот фудбалер ќе ги мине лекарските прегледи и ќе ги договори личните услови.

Лукас во 2013 година од Сао Паоло се пресели во ПСЖ. За клубот од Париз има одиграно 229 натпревари, постигнал 46 гола и забележал 50 асистенции.

Во Франција освои 13 трофеи, од кои четири во шампионатот.

Scroll to Top