Top Sport

ПСЖ му нуди 400.000 фунти неделно на Рашфорд!

Манчестер јунајтед можат да останат без својата најголема ѕвезда, Маркус Рашфорд, откако Пари Сен-Жермен биле подготвени да му дадат неделна плата од 400.000 фунти, додека во преговорите за нов договор со „ѓаволите“ нема прогрес, тврди британскиот „Атлетик“.

Рашфорд е во фантастична форма оваа сезона со 27 гола, откако имаше доста проблеми во играта минатата година. Неговиот договор со клубот од „Олд Трафорд“ завршува во 2024 и 25-годишниот Англичанец ќе мора да донесе одлука во блиска иднина. Според „Атлетик“, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи веќе разговарал со претставниците на Рашфорд во обид да го донесат на „Паркот на принцовите“.

Scroll to Top