Top Sport

Сопругата на Хакими за обвинувањата за силување: Секогаш сум на страна на жртвите

Сопругата на Ашраф Хакими, Хиба Абук тврди дека се разделила со фудбалерот на Пари Сен-Жермен пред тој наводно да силува 24-годишна жена во нивниот стан во Париз, но додава дека „секогаш ќе биде на страна на жртвите“.

Хакими е под истрага на француските власти по инцидентот кој се случил на 25 февруари, а Хакими преку својот адвокат ги отфрла обвинувањата додека продолжува да игра за ПСЖ и за Мароко. Абук преку Инстаграм потврди дека веќе не живее со Хакими и дека се во процес на развод и го опиша обвинувањата како „срам“.

„Без да ме прашувате ќе кажам дека секогаш сум на страната на жртвите, и поради сериозноста на обвинувањата можам само да верувам во добрата работа на правосудните органи“, вели Абук.

Scroll to Top