Францускиот шампион ПСЖ вечерва со високи 4-0 славеше на „Паркот на принцовите“ против тимот на Ремс.
Нејмар и Мбапе во првото и Маркињос, односно Кин во вториот дел беа творци на победата.
Сепак, во Париз очите беа вперени кон Лил каде лидерот на табелата во Лига 1 играше со тимот на Сент Етјен. Мечот заврши без голови 0-0, но и со тој еден бод Лил е во „пол позиција“ пред последното коло во францускиот шампионат.
Лил сега има 80 бодови, додека ПСЖ бод помалку.
И двете екипи во последното коло играат на гости. Лил му гостува на 12-то пласираниот Анжер, додека 16-то пласираниот Брест кој се уште се бори за опстанок ќе го дочека се уште актуелниот шампион.