Top Sport

ПСЖ на лето тргнува по Ерлинг Халанд

ПСЖ на лето ќе се обиде да го купи Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, пишува францускиот „Footmercato“. Парижаните на крајот од сезоната ќе почнат со реновирање на тимот од кој треба да си заминат Нејмар и Лионел Меси, а раководството ќе се сврти кон најдобрите млади играчи од цела Европа.

ПСЖ, секако, е многу заинтересиран за Ерлинг Халанд, кој наводно има ослободителна клаузула од 200 милиони евра.

„Халанд не е среќен во Сити. Стилот на игра на Гвардиола не му одговара, а ако ПСЖ навистина ја плати ослободителната клаузула, Сити нема избор“, изјави аналитичарот на „RMC“, Даниел Риоло, кој тврди дека доколку ПСЖ не го донесе Халанд, ќе се сврти кон Виктор Осимен од Наполи.

Мбапе и Халанд би биле неверојатен тандем, а буџетот би се олеснил со заминувањата на Меси и на Нејмар. ПСЖ размислува и за доведување на искусниот Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој е цел и на Барселона.

Scroll to Top