Тренерот на Олимпик од Марсеј, Андре Вилас Боаш, смета дека во однос на останатите клубови во Лига 1, Пари Сен Жермен се класа за себе.
Откако во клубот од Париз, во 2011 година влезе капителот од Катар, Пари Сен Жермен освоија шест одо можните осум шампионски титули. Овој клуб е сопственик на двата најскапи трансфер во светот на фудбалот, Нејмар е платен 222 милиони, а Килијан Мбапе 135 милиони евра.
Во тековната сезона, по десет одиграни рунди во Лига 1, Пари Сен Жермен има веќе пет пода предност на врвот во однос на конкурентите.
Во наредното коло во Лига 1 ќе се одигра големото дерби помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј.
„Ќе биде тоа различен натпревар против тим кој според мене не е дел од оваа лига поради вложувањата што ги имаше последните години. Ќе го одиграме тој натпревар како и секој друг, мене лично ништо не ми значи. Ја сонуваме победата, но ПСЖ се екипа од друга категорија. Порано тоа беше дерби, класик на францускиот фудбал…Одиме во Париз, ќе се обидеме да смислиме стратегија како што повеќе да ја држиме топката“, рекол Вилас Боас.
Олимпик Марсеј по десет кола се на четвртото место во Лига 1 со 16 бода.