Неколку дена откако претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи призна дека би сакал да го види Џуд Белингем во неговиот тим, каталонскиот „Ел насионал“ тврди дека францускиот клуб е подготвен да ја надмине сумата од 120 милиони евра која ја бара Борусија Дортмунд за да го донесат 19-годишниот англиски талент на „Паркот на принцовите“.
Тинејџерот воодушеви со игрите за Борусија во последните две сезона, а неговата цена уште повеќе порасна откако беше еден од најдобрите во англиската репрезентација на Мундијалот во Катар, и се веруваше дека Ливерпул се неговата посакувана дестинација, но останува да се види дали премиерлигашот е подготвен да ја плати високата цена која ја бара германскиот клуб.