Top Sport

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

Во Пари Сен-Жермен едноставно „нема место“ за Кристијано Роналдо, бидејќи во тимот се Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, признава претседателот на францускиот шампион, Насер Ал-Хелаифи, кој, исто така додава дека е „нормално“ да се заинтересирани за англискиот талент, Џуд Белингем.

„Тројцата фубалери кои ги имаме напред… Тешко да се најде место, но му посакувам многу среќа во иднина“, изјави Ал-Хелаифи за „Скај спортс“.

Сепак, ПСЖ, како и „сите големи клубови“ се заинтересирани за 19-годишниот фудбалер од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, признава Ал-Хелаифи.

„Сите го сакаат, нема да го кријам тоа. Тој сега е во својот клуб и ќе го почитуваме тоа, така што ако го сакаме ќе зборуваме прво со клубот. Англија е среќна што има таков фудбалер, да бидам искрен. Еден од најдобрите на Светското првенство – смирен, релаксиран и самоуверен“, оценува Ал-Хелаифи.

Scroll to Top