Најдобриот играч на ПСЖ, Килијан Мбапе се уште нема дозвола од клупските челници да тренира со првиот тим, пренесуваат француските медиуми.
Мбапе беше отстранет од првиот тим на францускиот шампион, откако одби да го продолжи договорот. Тој има договор со ПСЖ до јуни следната година, а Мбапе одби кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Француските медиуми истакнуваат дека челниците на ПСЖ не планираат да му дозволат на најдобриот играч на нивниот тим да го прави тоа што го сака.
Мбапе не беше со тимот на азиската турнеја, а моментално тренира со играчи на кои стручниот штаб на ПСЖ не смета во следната сезона и кои се очекува да го напуштат клуб до крајот на преодниот рок.
Француските медиуми пренесуваат дека клубот се обидува да го принуди Мбапе да се согласи на трансфер според условите на клубот. Тој сака да ја продолжи кариерата во Реал, но мадридскиот клуб во моментов не е подготвен да го плати обештетувањето кое го бара ПСЖ.
За пет дена стартува новата сезона во францускиот шампионат, а ПСЖ во првото коло ќе го пречека Лориен.