Top Sport

ПСЖ носи млад играч од Рен – француски репрезентативец

Информациите што денеска доаѓаат од Франција се дека ПСЖ најверојатно ќе ги засили свите редови со „свежа крв“ – 18-годишниот играч од среден ред на Рен, Едуардо Камавинга.

Младиот фудбалер не сакал да го продолжи договорот со Рен, а актуелниот му истекува идното лето. Затоа од Рен решиле да започнат преговори со „Светците“.

Пред пандемијата на коронавирусот, клубот бараше 100 милиони евра за својот играч, но сега се чини дека ќе го дадат и за 30 милини.

Камавинга минатата година дебитираше за француската сениорска репрезентација. Досега одигра 3 натпревари и постигна 1 гол за светските шампиони.

За Рен има 86 настапи со 2 гола и 5 асистенции.

Scroll to Top