Top Sport

Богдан Богдановиќ: Ветив, ќе се вратам во Партизан еден ден!

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ често потсетува дека Партизан е клубот каде што започнал, а најави дека еден ден повторно ќе се врати во „црно-белиот“ тим.

„Што се однесува за Партизан – не треба да се зборува за мојата љубов кон овој тим. Јас и понатаму се држам до ветувањето, ќе се вратам, а кога тоа ќе се случи, ќе видиме сега сум под договор барем уште 3 години“ вели Богдановиќ за српските медиуми.

Зборуваше и за новиот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

„Затоа што на клупата е Жељко, верувам во него, и играчите ќе се адаптираат. Јас од Партизан отидов кај него за дополнително да напредувам и да стекнам знаења и искуства“ вели Богдановиќ.

Играчот на НБА тимот – Атланта Хоукс открива што е потребно за еден играч да стигне до НБА.

„Работната етика е клучот. Младите мислат дека е лесно да се дојде до успех, но кога ќе погледнеш колку многу луѓе сакаат да се во тој ростер од 12 играчи. Наоружете се со трпеливост и верувајте во себе. Не си сам на теренот, каква и да е екипата. Мораш да бидеш чист и подготвен во главата“ рече екс-играчот на Партизан, Фенербахче и Сакраменто Кингс.

Scroll to Top