Top Sport

ПСЖ нуди богатство за „Кварадона“

По неверојатната сезона со Наполи, Пари Сен-Жермен се подготвени да го направат 22-годишниот Квича Кварацхелија вториот најскап фудбалер на светот со понуда од 180 милиони евра, која тешко дека ќе ја одбијат во Неапол.

Грузискиот фудбалер пристигна во Наполи од Динамо Батуми за 11.5 милиони евра откако две сезони играше во руската лига, и оваа година во партнерство со Виктор Осимен ги крена Наполи на врвот на италијанската лига и ги однесе првпат во историјта до четврт-финалето на Лигата на шампиони. Во 29 настапи оваа сезона тој има 13 гола и 15 асистенции.

Според италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“, ПСЖ се подготвени да платат сума од 180 милиони евра, со што тој би се израмнил со Килијан Мбапе како втор најскап трансфер во историјата, зад трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ, кој чинеше 222 милиони евра.

Scroll to Top