Раководството на францускиот шампион, ПСЖ, одбил понуда за продажба на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани.
Уругваецот со својот тим сака да го види новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари. Италијанецот сака во својот тим да има напаѓач од светска класа, бидејќи не сака во новото првенство да влезе со Алваро Мората и Оливие Жиру.
Ианку, не е позната сумата што Челси ја понудил за 31-годишниот напаѓач.
Челси, исто така се поврзува и со Аргентинецот од Јувентус, Гонзало Игуаин, а новата опција во нападот „сините“ ќе треба да ја реализираат до 9.август кога завршува преодниот рок во Англија.