Поранешниот шпански селектор Луис Енрике ќе биде нов тренер на ПСЖ во новата сезона, открива „Марка“. Тој треба в среда да биде промовиран на новото работно место, а ПСЖ и официјално ќе се раздели со Кристоф Галтие, кој заминува иако имаше уште една година од актуелниот договор.
Галтие ќе добие отштета од 6 милиони евра како компензација за следната сезона.
Луис Енрике веќе доставил список од неколку засилувња до раководството на клубот кои сака да бидат доведени во Париз ова лето.
ПСЖ веќе договори две засилувања, Марко Асенсио кој доаѓа како слободен агент од Реал Мадрид и Мануел Угарте од Спортинг Лисабон. Во напредна фаза се преговорите со Лукас Ернандез од Баерн Минхен.